Сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани е нормализиран, откако поради сообрааќајка кај месноста Баткова Чешма беше во прекин од 6:30 до 8 часот.
Во несреќата учествувало едно возило кое удрило во карпа покрај патот, при што едно лице со возило на Итна помош е пренесено во Клиничка болница Штип за понатамошна интервенција.
На местота на несреќата увид изврши екипа на МВР Делчево, од каде потврдија дека во моментот сообраќајот на овој патен правец се одвива нормално.
Izvor: 24.mk