Во тек е формирање на групи за нов циклус гешталт работилници во Македонска Каменица и Штип за стимулација и развој на емоционална интелигенција кај деца. Пријавувањето за работилниците ќе трае до 10. Септември.
Работилниците се наменети за деца на возраст од 6 години до 12 години и ќе бидат водени од тимот на Контакт3 – Заокружување Штип.
Пријавувањето на заинтересирани деца од Македонска Каменица се врши преку телефонско јавување кај Билјана И. Стојановска психолог, гешталт советник (078/218-706) и Ивана А. Мулачка психолог, социолог, гешталт советник (078/662-854).
Кои се придобивките на децата и адолесцентите?
– Појасна слика за себе
– Препознавање на емоциите и нивно правилно изразување
– Поголема самодоверба и самоподдршка
– Добар контакт со себе и со околината
– Позитивна слика за себе
– Разрешување на конфликти
– Психолошки, емоционален и социјален развој
– Социјализација и работа во група
Лице за контакт во Штип – педагог, гешталт советник Сузана Л. Ефтимова 078/476-466