Актуелниот освојувач на двојната круна во македонската кошарка договори уште едно големо засилување во пресрет на новата сезона во која првпат ќе настапува и во ВАБА лигата.
Во Македонска Каменица ќе пристигне американската интернационалка Адиџат Адамс, кошаркарка на центарската позиција со богато искуство. Има 29 години, а нејзин последен клуб е бугарскиот Берое каде настапувала во сезоната 2019/20. Истата сезона била избрана во најдобрата петорка и во најдобрит дефанзивен тим на ВАБА, како најдобар центар, но таа година регионалната лига не беше довршена поради пандемијата со корона вирусот.
Во својата кариера, Американката играла и во Грција, Австралија, Шпанија и Аргентина.
Адамс е второ засилување за тимот на Баскет Кам во пресрет на новата сезона. Претходно, шампионот се договори со црногорската репрезентативка Снежана Алексиќ која, исто така, во својата кариера играше за Берое