Вчера, во Скопје се одржаа XIV Републичка пензионерска музичка ревија каде пензионерите од Македонска Каменица остварија солиден успех и во одлично светло го претставија нашиот град.
Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија додели Признание за учество на 14. Музичка ревија на песни, музика и игри за Здружението на пензионери од Македонска Каменица, што своевидно доаѓа и како признание за целокупното успешно работење и организација на нашите пензионери раководени од претседателката Јаворка Соколова
Како едно од најактивните Здруженија на пензионери во регионот, пензионерите од Македонска Каменица беа домаќини и победници на Регионалната ревија помеѓу здруженијата на пензионери од Кочани, Виница, Берово, Пехчево, Делчево и други градови од регионот.
Помеѓу другите точки со кои нашите пензионери ја освојуваат публиката на секој од настапите ширум Македонија и Балканот, треба да ги истакнеме изведбите на „Запојас“ и „Ситното“ како најавтентични ора од нашето поднебје.