Во рамки на Младинската лига на Македонија (У15), во Дојран се сретнаа екипите на ЖФК Истатов ЖФК Каменица САСА. Одличен натпревар со убедлива победа на гостите од Македонска Каменица со високи 0:3.
Успесите на младинската екипа на актуелниот шампион на Македонија покажува дека, со вложувањето во младинските категории се обезбедува континуитет во развојот на клубот и основа за идни успеси на тимот.
Со идентеичен резултат, сениорската екипа на ЖФК Каменица САСА го совлада АСС Јунајтед. Стрелци на головите беа Пејтон Чик (2) и Ана Димитровска (1). Натпреварот се одигра во сабота, на Градскиот стадион во Македонска Каменица.
#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај