Миа Костова за еден ден собра 14.000 евра за лекување на момче од Скопје: дечки поместивме граници
Познатата инфлуенсерка Миа Костова за еден ден собра 14.000 евра за лекување на момче од скопски Центар.
„Дечки, поместивме граници со желба за Никола да биде добар и да се опорави што побрзо. Над 200 мали бизниси донираа производи и услуги и над 200 луѓе донираа за Никола, а со тоа ги запаметија малите бизниси кои излегоа навистина големи луѓе. За 24 часа собравме околу 4000 евра. Крајно, добив анонимна донација од 10.000 евра, дамата која втор пат во живот ми покажува дека постојат луѓе на светов и сум и неизмерно благодарна“, рече Миа и им се заблагодари на сите кои донираа.
Миа рече дека недостига уште мала сума за целосно се покријат лекарските трошоци.