МЕРИ СОКОЛОВА Е ПОБЕДНИК НА НАТПРЕВАРОТ ЗА “МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ” ОДРЖАН ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Во минатиот четврток, 19.10.2017 година, во просториите на Л.Б „Крсте Петков Мисирков“ во Мак. Каменица, клон на Ј.Л.Б„Илинден“-Делчево во 12 часот се одржа најавениот општински натпревар „Млади Библиотекари 2017“. На натпреварот учество земаа петнаесет ученици од ООУ„Св.Кирил и Методиј“ во Макеонска Каменица. Ментори на учениците беа наставниците Марина В. Стојановска, Сталина Наумовска, Благоја Стамболински и Катерина Павловска.

Натпреварот се состоеше 20 прашања, на кои учесниците одговараа писмено во временски ограничен период од 60 минути. Тестовите беа прегледувани од мешана комисија од наставници-мњнтори и библиотекари, во состав:

  1. Јасмина Митревска – Библиотекар ЈЛБ„Илинден“ – Делчево
  2. Марина В. Стојановска – наставник ООУ„Св.Кирил и Методиј“ М.Каменица
  3. Сталина Наумовска – наставник ООУ„Св.КИрил и Методиј“ М.Каменица

Натпреварот заврши со нерешен резултат за Елма Куртовиќ и Мери Соколова кои на тестот освоија по 90 поени. По дополнителното тестирање кое се состоеше од три прашања, Мери Соколова успеа да даде одговор на сите и со тоа го освои првото место. Третото место го делеа Елеонора Илиевска и Рената Наумовска со освоени 80 поени.

На државниот натпревар „млади Библиотекари 2017“ ќе учествуваат Мери Соколова и нејзин ментор Марина В. Стојановска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *