Македонска Каменица е домаќин на првиот Меѓународен фестивал организиран во чест на Јаков од Камена Река – првиот македонски печатар

Македонска Каменица е домаќин на првиот Меѓународен фестивал организиран во чест на Јаков од Камена Река – првиот македонски печатар

Македонска Каменица е домаќин на првиот Меѓународен фестивал „Јаков од Камена Река“ каде ќе бидат доделени наградите на годинешните добитници за придонес во печатарската дејност, печатењето, графичкиот дизајн, издавањето на книги, промоција на Македонската култура и Македонска Каменица на домашно и меѓународно ниво.

Фестивалската вечер ќе се одржи во четврток на 07. Декември, со почеток од 18:00 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица.

По тој повод, огранизаторот на  фестивалот Здружението „Надеж – Норе“ упатува покана до граѓаните на Македонска Каменица и регионот за присуствуво на свечената фестивалска вечер, од каде дополнуваат дека по свечениот дел е предвидена културна уметничка програма со настап на хорот „Ѓурѓа“ и КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица.

Фестивалот се одржува во чест на првиот македонски печатар Јаков од Камена Река. Во негова чест, токму во неговата родна Македонска Каменица за прв пат ќе се одржи Меѓународен фестивал,,Јаков од Камена Река” Македонска Каменица .

Фестивалот е со тема – Печатарската дејност низ призмата на книжевноста и ликовната уметност. Настанот е поддржан од Општина Македонска Каменица и Културно информативниот центар „Романска“ – Македонска Каменица.

Пеачка група „Ѓурѓа“ – Делчево
КУД „Вера Јоциќ“ Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *