Контакт3 одржа работилници во каменичките училишта по повод Светскиот ден на менталното здравје

Македонска Каменица, 10. Октомври 2024 година – По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10. Октомври, во каменичите училишта ООУ “Св. Кирил и Методиј” и СОУ “Миле Јаневски Џингар”, од страна на Контак3 – Центарот за советување, психотерапија, едукација личен раст и развој беше одржана работилница на тема “Како го поддржувам моето ментално здравје?”


– Со учениците од двете училишта работевме на развивање на свесноста за начините на кои тие можат да го поддржат своето ментално здравје, – велат од Контакт3

Работилницата ја водеа Билјана Иванова Стојановска психлог, гешталт советувач и Ивана Аралампиевска Мулачка психолог, социолог и гешталт советувач при Контак3 – Центар за советување, психотерапија, едукација личен раст и развој.


Светскиот ден на менталното здравје секоја година се одбележува на 10 октомври, како ден кога за првпат беше одбележан од Светската федерација за ментално здравје во 1992 година. Целта на одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје е подигање на свеста за проблемите со менталното здравје и поддршка на менталното здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *