Непосредно пред продолжението на домашното првенство, поранешниот шампион на Македонија, Еуро Никел донесе нов играч кој ќе ја зголеми конкуренцијата на плејмејкерската позиција.
Во составот на Кавадарци е вклучен 22-годишниот Александар Тодоровски кој во Еуро Никел доаѓа од второлигашот Баскет Кам, но има претходно искуство во Првата лига. Минатата сезона беше член на Работнички за кого одигра 17 натпревари во елитната конкуренција, а претходно кратко време престојуваше во Навико Академија ФМП и Вардар.
Тодоровски е единствен нов играч во Еуро Никел оваа зима, а за својата минутажа ќе треба да се бори со искусните Дарко Соколов и Марјан Младеновиќ, како и Лука Стојановски.