Истокот на Македонија се соочува со недостиг на специјалисти и технички персонал во болниците и амбулантите

Со недостаток на специјалисти, но и технички кадар, се соочува кочанската Општа болница. Најалармантна е состојбата на нервно, интерно и анестезиологија. Во моментот на специјализација се испратени неколку лекари, кои за три до четири години треба се вратат како стручен кадар.

– Во меѓувреме, следејќи ја старосната граница на постоечкиот персонал, добар дел од специјалистите ќе заминат во пензија, со што повторно ќе се јави недостаток од високо-стручен медицински кадар – објасни Оливера Цимбалевиќ – директор на Општа Болница – Кочани.

Недостатокот од специјалисти е хроничен проблем со кој се соочуват сите здравствени институции во државата. Во штипската болница дел од специјалистите се веќе вратија, а во меѓувреме се испратени други лекари – информира Александар Стојановски – директор на Клиничка Болница – Штип.

Не само стручен, двете болници во источниот дел од државата имаат недостаток и од технички кадар. Иако потребите се огромни, засега не се предвидени нови вработувања на технички персонал.

aleksandarolivera

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *