Тежок инцидент се случил во Виница откако едно лица, физички нападнало четворица други. Иако помногубројни, нападнатите не можеле да се одбранат зашто биле лица постари од 60 години, додека напаѓачот е момче на 27-годишна возраст.
Освен што бил млад, виничанецот бил и исклучително агресивен и насилен, веројатно под дејство на поголема количина алкохол или некоја наркотична супстанца.
Инцидентот се случил во близина на Здравствениот дом во Виница, каде тројца тамошни жители и една гостинка од Берово, излегле да се прошетаат. Според нивниот исказ, тие со ништо не дале повод за бесот на младиот напаѓач и веројатно биле случајни жртви на неговата агресија.
Случајот е пријавен во полиција и од денес виничанецот со иницијали У.М. е со кривична пријава за „насилство“.