Општина Македонска Каменица упатува Соопштение до граѓаните дека во четврток, на 20 јуни 2024 година, во доцните вечерни часови ќе биде спроведено (прво) терастично третирање против комарци во централното градско подрачје на вкупна површина од 200 хектари.
Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.
При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.