Зорица Караѓозова и кадетките на Македонија го освоија ФИБА Челенџерот

 

Женската селекција на Македонија, за кошаркарки до 16 години, е победник на ФИБА „Челенџер“ турнирот, кој изминатата седмица се одржуваше во Тбилиси.

Во решавачкиот натпревар, македонските кошаркарки беа многу подобри од домашната селекција на Грузија со убедливи 104:36.

Најефикасна во нашиот состав беше Михаела Алексовска со 28 и Марија Иванов со 20 поени. Солидни настапи според минутажата што ја доби, забележа и нашата сограѓанка Зорица Караѓозова која е дел од шампионскиот тим на Баскет Кам од Македонска Каменица.

Македонките со максимални четири победи стигнаа до победничкиот трофеј и златните медали кои ги доделува ФИБА за ова ново натпреварување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *