Започна уредувањето на парковите и зеленилото во централното градско подрачје на Македонска Каменица
Општина Македонска Каменица преку редовните работни акивности на одделението за одржување на јавното зеленило и хортикултурно уредување во ЈП “Камена Река” започна со расчистување на сите постари дрвни видови и друга обрасната вегетација во парковите и зеленилата во централното градско подрачје во Македонска Каменица.
– Започна отстранувањето на стари и дотраени дрвни видови и грмушки во централното градско подрачје и уредување на јавните површини со нова тревна и растителна вегетација притоа градејќи пешачки патеки онаму каде што е неопходно, – истакна градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски
Паралелно со овие активности, како што истакна Атанасовски, продолжува изградбата на пешачки патеки за олеснето и безбедно движење на граѓаните на Македонска Каменица.