Македонска Каменица, 28.Јули 2022 година – Како што стои во денешната објава на градоначалникот Димчо Атанасовски, општина Македонска Каменица преку работни активности на ЈП Камена Река, започна со поврзување на домаќинствата од приградската населба Павлиш Дол на новоизградениот водоводен систем изграден за решавање на проблемите со водоснабдувањето во овој дел од градот.
“Жителите од Павлиш дол ги приклучуваме на новата водоводна линија, каде пеесетина домаќинства добиваат квалитетна вода за пиење. Во наредните десетина дена сите ќе бидат вклучени на новоизградената водоводна мрежа” – изјави градоначалникот Атанасовски, кој додаде дека “Изградбата на нови зафати и водоводни линии во руралните средини ќе продолжи и во наредниот период”.
Овој проект, општина Македонска Каменица го финансира со сопствени средства. Изградбата на овој значаен проект за жителите на Павлиш Дол започна пред две години.