Преку Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, започна изградба на кула за детекција на шумски пожари на подрачјето на општина Македонска Каменица и на општина Невестино од соседна Бугарија.
“Со Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, ја започнавме изградба на кула за детекција на пожари на подрачјето на Општина Македонска Каменица” – изјавува градоначалникот на општината, Димчо Атанасовски кој во соопштението за јавност додаде дека “Проектот се реализира во партнерство со општина Невестино од Бугарија која е водечки партнер, а вредноста на проектот за македонската страна, односно за ЈП „Камена Река“ е 196.572 евра”.
“Во наредниот период ќе се интензивираат работите на терен, се со цел проектот да биде комплетно завршен до јануари 2023 година и да почнат да се користат бенефитите од функционирањето на истиот” – истакнува Атансовски
Проектот „Изградба на интегриран систем за рана детекција и превенција од шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица“, е со референтен број CB006.2.12.039, кој се реализира преку Interreg-IPA CBC CCI2014TC16I5CB006.