Македонска Каменица, 21. Ноември 2023 година – Општина Македонска Каменица објави дека е завршена изградбата на пешачки тротоар долж улицата “28-ми Август”.
– Со изградбата на овој тротоар со должина од приближно 300 метри, се решава повеќедецениски проблем со безбедноста на пешаците во сообраќајот и непрописното паркирање кон кејот на Каменичка Река, – изјави градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.
Во согласност со сообраќајниот проект за безбедност во сообраќајот го реализираме во соработка со Рудник САСА и Министерството за внатрешни работи, започнавме изградба на пешачки тротоар и на улица “Осоговска”, во непосредна близина на детската градинка “БАМБИ”. Со ова урбано уреување на јавниот простор, овозможуваме и зголемена безбедност на овој фрекфентен дел од градот, – додава Атанасовски во соопштението од Општина Македонска Каменица.
️Од локалната самоуправа истакнуваат дека и во иднина ќе продолжат да работат во насока на решавање на секојдневните реални проблеми и потреби на жителите на Македонска Каменица.