ЖФК Каменица САСА ја совлада ЖФК Црвена Звезда во финалето од Меѓународниот турнир во Речица, Куманово
Со победата над големата белградска Црвена Звеза, екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица го освои силниот Меѓународен турнир во Речица, Куманово
Регуларниот дел од натпреварот заврши без голови, при што екипата на ЖФК Каменица САСА беше поуспешна од ЖФК Црвена Звезда, со конечни 4:3.
„Балканскиот фудбалски гигант, силната Црвена Звезда од Белград, Србија беше целосно надиграна од нашите девојки. Расположени и мотивирани за игра, успеаа да донесат нов пехар во Македонска Каменица“ – изјави стратегот Зоран Златковски кој беше прогласен за најдобар тренер на турниот. За најдобар голман на турнирот е прогласена Јелена Гвоздерац, која е најдобар голман и во македонското првенство.
„Благодарност до домашната екипа за професионалниот пречек!
Благодарност до публиката која не бодреше цел натпревар и создаде одлична атмосфера“ – стои во официјалното соопштение од каменичкиот фудбалски клув по освоениот Меѓународен турнир кој изминатиот викенд се играше во Речица, Куманово.
Екипата на ЖФК Каменица САСА во полуфиналето од турнирот ја декласираше екипата на Лесковац, од Лесковац со високи 10:0, а Црвена Звезда славеше над домаќинот Речица.