Победа над ЖФК Тиверија од 1:3 оствари нашата екипа ЖФК Каменица САСА со головите на Туане Фрагосо и Ана Димитровска во денешниот натпревар одигран во Струмица.
– Интензивен натпревар со одлични трансформации во двата правци на играта! Тимски дух на многу високо ниво и заслужена победа! Честитки за сите девојки! – истакнаа од клубот по натпреварот
Со оваа победа, ЖФК Каменица САСА останува на втората позиција, со бод помалку од лидерот ЖФК Љуботен од Тетово.