ЖФК Каменица САСА го објави името на најновото засилување на тимот. Станува збор за Васка Василева, една од најталентираните млади фудбалерки во Македонија.
– Василева е репрезентативка на Македонија во У19 категорија. Претходно, во У17 репрезентацијата беше капитен и лидер во овој национален состав, каде бележи одлични резултати, – изјави Зоран Златковски, тренер и стратег на вицешампионскиот тим од Македонска Каменица, кој додава дека, со доаѓањето на Василева во нивниот тим, таа прави одличен чекор во градењето на подобра и поуспешна кариера.
Доаѓа од екипата на ЖФК Тиверија од Струмица. Со брзата и технички добра игра, Василева ќе биде силно засилување на левата бековска позиција и пријатно изненадување во новата сезона.