Вчера, на Градскиот стадион во Македонска Каменица, во рамки на 8. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипите на ЖФК Каменица САСА и ЖФК Истатов Скопје одиграа одличен натпревар кој заврши со 4:1 во корист на домашната екипа.
Сите поединци од домашната екипа дадоа силен придонес кон победата над Истатов. Тука, треба да ги вброме одбраните на голот и мотивираноста на младата голманка Марија Јаневска од Македонска Каменица, која се повеќе ја добива својата шанса на голманската линија во составот на шампионскиот тим на ЖФК Каменица САСА.
Екипата на ЖФК Каменица САСА останува единствената непоразена екипа во македонското женско прволигашко првенство.