Во рамки на 2. Коло од Првата женска фудбалска лига екипите на ЖФК Топ Гол и ЖФК Каменица САСА одиграа со резултат од 0:4 во корист на каменичанки.
– Добар натпревар со доминантна игра и многу создадени шанси пред голот на домашната екипа. На прав пат сме, но ќе се подобруваме и воигруваме уште повеќе. Честитки за целиот тим, – изјави по натпреварот тренерот на ЖФК Каменица САСА, Зоран Златковски
Стрелци на головите за нашата екипа беа Димитровска (2), Велковска (1) и Фрагосо (1).