ЖФК Каменица САСА вложува во младите таленти. Годинава повеќе возрасни категории ќе се натпреваруваат во младинските лиги на Македонија

Како што официјално потврдуваат од клубот, младинките на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица, ќе се натпреваруваат во две категории од престојната 2022/23 сезона.

Станува збор за кадетската екипа, со играчи родени во 2009/10 генерација и младинска екипа, односно играчи родени во генерација 2007/08 година.

Ова претставува одлична можност за развојот на младинската школа на клубот, но и шанса за младите играчи од Македонска Каменица, да се натпреваруваат на ниво на Македонија.

“Големиот интерес од страна на девојките во Македонска Каменица и регионот, напорната и професионална работа од клубот и клубските тренери во изминатите години дадоа резултат па така од оваа сезона во првенствата за млади девојки организирани од ФФМ, нашиот клуб ќе се натпреварува со две младински екипи” – истакна тренерот и Шеф на стручниот штаб на каменичкиот женски фудбалски клуб, Зоран Златковски кој во име на клубот додаде “Им посакуваме многу успеси и радости на нашите млади фудбалски таленти, очекуваме од нив во блиска иднина да блескаат во сениорската екипа и секако да бидат нови репрезентативки на Македонија, како и тоа дека од нив очекуваме да донесат многу нови титули во Макединска Каменица”.

#ОдимеНапред

#ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *