Екипата од Македонска Каменица имаше контрола во текот на дербито и го победи Бадел 1862 со (73:67)
Првото сезонско дерби во новата натпреварувачка сезона му припаѓа на Баскет Кам 2011. На гостински терен во салата „Независна Македонија“ во Скопје, освојувачот на Купот беше подобар од шампионот на Македонија, екипата на Бадел 1862.
Со крајни (73:67), иако во текот на играта избраничките на тренерот Златко Гоцевски во неколку наврати имаа и двоцифрена позитива, во еден момент и од 15.поени (66:51).
Се што стори видно изменетиот соства на „баделки“ е да дојдат до достижни (67:71), пред репрезентативката Тасевска да го постигне кошот за потврда на големиот триумф на екипата од Македонска Каменица, која има максимален ефект, односно три победи во исто толку натпревари.
Најпрецизна во редовите на Баскет Кам беше Моника Зафировска со 14 поени, додека Димова дојде до ефект од 13.поени и 9. скока. Адамовска постигна 12.поени, имаше и 9. асистенции и 5. скока, Тасевска и Николов реализираа по десет.
Матие доминираше кај Бадел 1862, дојде до дабл-дабл ефект од 25.поени и 10. скока, го надополни со пет асистенции. Димитријевиќ постигна 16.поени, имаше и седум успешни додавања, додека пак Лазаревска даде 11.поени, имаше и шест скока и четири аситенции во домашната екипа.
На ист ефект е и екипата на Вардар, која и во ова коло немаше особени проблеми да доде до победа. Сега на домашен терен против Крива Паланка реализираа со повеќе од убедливи (81:41), доволно за ко-лидерската позиција заедно со Баскет Кам 2011.
До втор успех во новиот шампионат дојдоа и кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром, го совладаа, со убедливи (85:51) тимот на Гризли за ефект (2-1). Втора победа реализира и младата екипа на Струга 2009 како гостин во Кавадарци кај Пробаскет (79:63).
Извор: кфсм.мк