Жителите на Грчко маало добија вода за пиење од градската водоводна мрежа

Македонска Каменица, 07.04.2022 година – ЈП Камена Река спроведе редица работни активности за тековно одржување на водоводната и канализациона мрежа, како и подобрување на водоснабдувањето во градската и приградските населби на Македонска Каменица.

„Нашите екипи, спроведоа повеќе работни активности за тековно одржување и подобрување на водоводната и канализационата мрежа во граската и приградските средини. За таа цел, изградивме нова водоводна линија во должина од 200 метри до Грчко маало. Исто така, на местото од санираниот дефект на главната водоводна линија во Суво Маало поставивме нов систем со приклучоци каде инсталиравме водомерни единици за корисниците“ – изјави директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски кој дополни дека „Целосно се завршени активностите за санација и тековно одржување на канализационата и атмосферската канализација на улица Каменичка и кај старата градска црква „Св. Илија“.

ЈП „Камена Река“ како претпријатие задолжено за одржување на комуналната инфраструктура во општина Македонска Каменица, постојано работи на подобрување на услугите за корисниците, со воведување на нови стандарди во работењето. Со тоа придонесуваат за зголемена заштеда на вода за пиење и проширување на градската водоводна и канализациона мрежа до сите урбани и рурални делови на Македонска Каменица.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *