Објавено во: Свет
Од 2024 година, сите возила кои се регистрирани во ЕУ за прв пат ќе имаат црна кутија во која се запишува сè што се случило во секундите пред несреќата. Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок што помага во експертиза (ЕПА)
Од следната година, сите нови автомобили во Европската унија ќе имаат задолжителна црна кутија, а од 2024 година, тоа ќе важи за сите регистрирани возила.
Црна кутија е уред што треба да ги открие најмалите детали сè што се случило во секундите пред сообраќајната несреќа.
„За да добиете информации за брзината на возилото на пет секунди пред судирот, однесувањето на возачот, дали закочил, дали имал манипулации со воланот и во колкав процент, колкав е бројот на вртежи на возилото и слично, “, објасни за хрватските медиуми Жељко Шариќ пд Лабораторијата за сообраќајно-техничко вештачење на Факултетот за сообраќајни науки.
Иако многумина не знаат, црната кутија во автомобилската индустрија не е нова, некои нови возила веќе ја имаат. Најчесто се наоѓа помеѓу седиштата на возачот и совозачот во модулот за воздушни перничиња.