Епископот г. Марко одржа прво Свештеничко собрание на Делчевско – каменичката епархија
Како што стои во краткото соопштение од Делчевско – каменичката епархија, вчера на празникот Св. бесребреници Козма и Дамјан, епископот г. Марко заедно со свештенството на Делчевско-каменичка епархија, за прв пат одржа свештеничко собрание.
– На состанокот се прочитаа, некои важни одлуки со кои се поставија раководните тела. Потоа се разговараше, за понатамошните активности на епархијата, како и за тековните проблеми со кои се соочуваат свештениците, – се вели во соопштението