Епископот г. Марко ги освети темелите на новата резиденција на делчевско – каменичката епархија во нашиот град Македонска Каменица (ФОТО)

Македонска Каменица, 16. Јуни 2024 година – Денеска, во црковниот двор од старата градска црква „Св. Пророк Илија“ во нашиот град Македонска Каменица, Неговото Преосвештенство Епископот делчевско – каменички г. Марко, во сослужение со епархиското свештенство, изврши осветување на темелите од новата епархиска резиденција во нашиот град.

„Голема радост ми претставува што денеска сме овде во Македонска Каменица и имаме таква радост и благослов од Бога да направиме осветување на темелите на резиденција на делчевско – каменичката епархија. Се ова се случува по иницијатива на градоначалникот Димчо Атанасовски на кого во оваа прилика сакаме јавно да му се заблагодариме и мислам дека само господ може да му возврати на соодветен начин за добрината и љубовта која ја покажува кон нас во изминатата година, откако ние сме поставени во делчевско – каменичката епархија“, – истакна епископот г. Марко во своето кратко обраќање кон присутните на осветувањето на темелите од резиденцијата во Македонска Каменица

Посакувајќи им на присутните благодат од Бога, епископот г. Марко ја истакна досегашната прекрасна соработка со градоначалникот Атанасовски, при што изрази надеж дека истата ќе продолжи и дека ќе се продлабочува взаемниот однос, што со благослов од Бога ќе создаде услови за скора изградба на резиденцијата во Македонска Каменица. „Така ќе можеме да бидеме што почесто овде во Македонска Каменица. Поради неможноста да живеам во епархијата, принуден сум секојдневно да патувам од Штип, но со изградбата на резиденцијата ќе можеме да служиме на Бога служби и за сите потреби што ги имате како верници. Да бидеме заедно и да се молиме на Бога“ – додаде во обраќањето епископот г. Марко

Градоначалникот Атнасовски ја искористи приликата да се заблагодари за присуството на Епископот г. Марко, како и на сите институции од локалната самоуправа, за наклонетоста кон иницијативата на свештенството при „Св. Успение на Пресвета Богородица“ и за вклученоста во реализацијата на овој објект, кој е од огромно значење за Македонска Каменица.

Со посветеност и љубов, заедно да продолжиме да ја градиме оваа резиденција. Сакам да изразам благодарност до вас, што иако секојдневно патувате, тука сто постојано помеѓу верниците. Се надевам дека ќе успееме за брзо време да го изградиме објектот и ќе создадеме услови да бидете постојано помеѓу верниот народ, – кажа во обраќањето пред присутните градоначалникот Атнасовски кој на епископот г. Марко му врачи признание за успешната меѓусебна соработка и придонес за развојот на заедницата.

По завршувањето на чинот за осветување на темелите од резиденцијата за потребите на делчевско- каменичката епархија во црковнот двор од старата градска црква „Св Пророк Илија“ беше одржана кратка пригодна програма со изворни македонски песни и ора во изведба на Културно уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица.

 

Пишува: Горан Бразда
Фото: Медиа Поинт

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *