ЖФК Каменица Саса ја најави Елена Петровска како репрезентативка која успешно настапува на повеќе позиции од средниот ред
Со нејзиното богато фудбалско искуство, борбеност и желба за победа таа е одлично засилување за нашиот тим, – велат од ЖФК Каменица САСА
Елена Петровска има настапувано за Истатов, Скопје 2014 и Љуботен.
– Со ангажманот на Петровска добиваме стабилен среден ред и сигурност дека сме поблиску до целите на нашиот клуб кои ќе ги постигнеме заедно, – додаваат од ЖФК Каменица САСА на крајот од соопштението за јавност, објавено денеска од официјалниот клубски налог на социјалните мрежи