ЕКСКЛУЗИВНО: Приведени 20-тина лица за злоупотреби со земјоделски субвенции

    

Дваесетина лица во моментов се пред Судија на претходна постапка на распит, во скопскиот кривичен суд, поради сомнеж дека сториле злоупотреба на службена положба и овластување при распределба на земјоделски субвенции.

Од судот и од Обвинитеството засега ништо официјално не соопштиваат, но според неофицијалните сознанија на „СУДСТВО.МК“, приведените се сомничат за сторена злоупотреба на службена положба и овластување, сголасно член 353 став 5 од Кривичниот законик на РМ и ним е запретена казна затвор од најмалку пет години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *