„Деметра Дент“ – 15 години грижа за вашето дентално здравје
Лекувањето на забите е едно од многуте видови лекувања, кои се неопходни за одржување на доброто здравје, општата благосостојба на организмот и физичкиот изглед на индивидуата.
Наша мисија, во изминатите 15 години, е да ги претвориме денталните интервенции во едно пријатно доживување кое го дава најдобриот резултат
Стоматолошката ординација „Деметра Дент“ Македонска Каменица располага со најсовремена стоматолошка опрема, минимално инвазивна апаратура, технологии за дијагностика и лекување, како и последна генерација на стоматолошки материјали од реномирани производители.
Високата професионална квалификација, со 6 месечна обука во Praxis Scholoss клиниката во Германија, на спец. д-р Драган Јовановски и материјалната база гарантираат успешно , долготрајно и квалитетно лекување на денталните и оралните заболувања.
Во „Деметра Дент“ се изведуваат стоматолошки услуги од сите сфери на стоматолошката дејност :
- Пломбирање на заби
- Вадење на заби
- Професионално белење на заби
- Детска стоматологија
- Ендодонтски интервенции (Лекување на коренот на забот)
- Протетски интервенции( изработка на коронки ,мостови, тотални протези, парцијални протези, скелетирани протези, )
- Пародонтални интервенции (третман на пародонтални џебови, пародонтална болест, отстранување на забен камен и меки забни наслаги)
- Оралнохируршки интервенции
Поттикнати од потребите на стоматологијата, но и на естетиката, стоматолошката ординација „Деметра Дент“ Македонска Каменица наскоро започнува да врши услуги во полето на фацијалната естетика со апликација на хијалуронски филери.
„Деметра Дент“ има склучено договор и работи со Фондот за здравствено и пензиско осигурување!