Деа Стојковска е првото родено бебе во Новата 2024 година во Македонска Каменица
Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски денеска упати честитка до родителите Глорија и Дени од семејството Стојковски за нивната прва рожба. Во честитката стои:
Почитувани сограѓани,
Со неизмерна радост, изразувам најискрени честитки до семејството Стојковски за нивната новородена Деа – првороденото дете во нашата Општина во Новата 2024 година.
На родителите, мајката Глорија Сугарева Стојковска и таткото Deni Stojkovski , им честитам на најблескавиот благодет во нивното семејство. Нека малата Деа им биде непресушен извор на радост и среќа, да ги исполнува со бескрајни моменти на љубов и задоволство.
На малата прекрасна Деа ѝ посакувам добредојде во нашето градско семејство, каде што секое дете е причина за заедничка радост и гордост. Да расте во добро здравје, во среќа и со родителска љубов.
Почитувани,
Во овие моменти на радост и среќа, уште еднаш Ви посакувам да имаме среќни Новогодишни и Божиќни празници, да бидеме исполнети со љубов, хармонија и топлина.
Со почит,
Димчо Атанасовски
Градоначалник на Општина Македонска Каменица