Градоначалникот Атанасовски го посети семејството на првороденото бебе во Македонска Каменица во 2024 година
Со неизмерна радост, изразувам најискрени честитки до семејството Стојковски за нивната новородена Деа – првороденото дете во нашата Општина во Новата 2024 година, – вели во објавата, градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој на родителите, мајката Глорија Сугарева Стојковска и таткото Дени Стојковски , им честита на најблескавиот благодет во нивното семејство.
– Нека малата Деа им биде непресушен извор на радост и среќа, да ги исполнува со бескрајни моменти на љубов и задоволство, – продолжува Атанасовски во честитката, при што на малата прекрасна Деа ѝ посакува добредојде во нашето градско семејство, каде што секое дете е причина за заедничка радост и гордост. Да расте во добро здравје, во среќа и со родителска грижа.
Општина Македонака Каменица на секое прво родено дете во новата година му доделува еднократна парична помош од 20.000 денари, а на сите новороденчиња парична помош од 10.000 денари.