Градоначалникот Атанасовски го донираше новото и современо технички модерно опремено возило за потребите на Итната медицинска помош набавено од Општина Македонска Каменица
Градоначалникот Атансовски денеска го донираше новото, современо и технички модерно опремено возило за потребите на Итната медицинска помош во Македонска Каменица – како најнова инвестиција на локалната самоуправа за подобрување на ресурсите и капацитетите на Здравствената станица во нашиот град.
– Верувам дека новото возило значително ќе ги подобри можностите за реагирање и ќе осигура побрз пристап до квалитетна медицинска помош за граѓаните на Македонска Каменица. Со напредната технологија и комплетната медицинска опрема, новото возило од типот Фиат Дукато, е подготвено за ефикасно и прецизно дејствување во секоја ситуација при укажување на итна медицинска помош и при транспорт на пацинети кон поголемите Клинички болници во државата, – истакна Атанасовски при денешната посета на ИМП Македонска Каменица.
Исто така, Атанасовски надоврза дека треба да ги цениме пожртвуваноста, стручноста и напорите на нашите медицински тимови, кои се обучени и подготвени да се справат со најразлични состојби, согласно потребите на пациентите и граѓаните.
Ова е само еден сегмент од широкиот ангажман на активности насочени кон подобрување на здравствената заштита во Македонска Каменица.
– Денешната донација на возилото за потребите на Итната медицинска помош во Македонска Каменица, претставува уште еден доказ за нашата ангажираност кон подобрување на безбедноста, грижата за здравјето и за добробитта на сите наши граѓани, – вели Атанасовски
Реализацијата на овој значаен проект, во висина од 2.435.095,оо денари, од Општината велат, дека претставува само почеток на повеќе планирани инвестиции за забрзан напредок и развој во областа на здравствената нега и заштита во Македонска Каменица.
*За објавената вест погоре, се користени фотографии и текст добиени од кабинет на градоначалник на Општина Македонска Каменица.