По повод големиот христијански празник Света Троица (Педесетница – Духовден), на 23. Јуни во недела, на Магилката во Македонска Каменица ќе се одржи традиционален црковно народен собир со послужување на благословен славски ручек за здравје на населението.
Благословувањето и послужувањето на ручекот за здравје ќе започне во 17:00 часот.
Сите верници, наши сограѓани и добронамерници, може да повелат на „Магилката“ и заедно во духот на христијанството да го чествуваме големиот празник Света Троица.
За многу години празникот, браќа и сестри христијани, Македонци!