Сопружници од Штип преживеале хорор. Напаѓачи ги врзувале, малтретирале и ограбиле во сопствениот дом. Жртви се маж и жена на возраст од 77 и 70 години.
На нив , разбојници маскирани со фантомки и вооружени со пиштоли, им ја скршиле вратата и им влегле во спалната сопа, ноќеска после полноќ. Уште пред да се освестат, ги врзале со самолепливи траки и им го пребарале домот.
Вистинскиот хорор почнал откако во една од собите пронашле сеф. Откако , сопружниците одбиле да им го дадат клучт, разбојниците почнале да ги удираат со раце и со тврди предмети по целото тело, а најмногу по главата. Додека едниот ги малтретирал, другиот буквално ја превртел цела куќа, при што успеал да го најде и клучот.
Откако ја испразниле содржината на сефот 7.100 евра, 2.200 долари, 10.000 денари и златен накит побегнале од куќата, оставајќи ги сопружниците врзани. На измалтретираните старци им требале околу еден час да се ослободат од лентите по што повикале помош и полиција.
Како последица од нападот, преживеаниот стрес и нанесените повреди, сопругот итно е пренесен во болница, каде е задржан на лекување.
Од полицијата го потврдувата случајот, но засега нема повеќе информации за настанот.
Извор на инфо: СтарТВ – Штип