Во Македонска Каменица поставени контејнери за селектирање на отпад

Во насока на подобрување на животна средина и поттикнување на свесноста за селектирање на отпад, пред институциите во Македонска Каменица и на најфреквентните локации во централното градско подрачје, Јавното претпријатие „Камена Река“, постави 20 нови контејнери за селектирање на отпад.

– Поставувањето на контејнерите за селектиран отпад, дополнително ќе помогне во процесот на рециклирање на истиот, значително ќе придонесе за зачувување на животната средина и во подобрувањето на квалитетот на живот во заедницата, – вели градоначалникот Димчо Атанасовски во денес објавеното соопштение за јавност на социјалните мрежи

Овие контејнери за селектиран отпад се обезбедени преку Проектот за зајакнување на капацитетите на Министерството за животна средина, спреведен преку Стратегијата за подигање на јавната свест за животната средина. Истиот е финансиран од Европската унија и раководен од Европската агенција за реконструкција.

Градоначалникот Димчо Атанасовски, ги повика граѓаните да се вклучат во оваа иницијатива. Заедно можеме да направиме значајна разлика во подобрувањето на животната средина, – додава Атанасовски на крајот од соопштението

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *