Во дербито на колото: ФК Каменица-САСА спремна да изненади во Кочани, ФК Осогово спремно за славје

ФК Каменица-САСА вчера го имаше последниот тренинг пред денешниот важен натпревар со екипата на ФК Осогово од Кочани со почеток од 16:30 часот. Амбициите на двете екипи за влез во Втора лига се силни, борбата е беспоштедна. Секој бод и на двете екипи им е важен. До толку посакуваното трето место ги делат екипите само три кола до крајот. Бодовната разлика е +5 во корист на кочанчани, но тие имаат и многу потежок распоред до крајот. Со денешна победа на ФК Каменица-САСА битката помеѓу овие две екипи ќе биде неизвесна до самиот крај на првенството. Кочанчани се веќе спремни за големо славје на победата над ФК Каменица-САСА со која го осигуруваат патот кон повисок ранг на натпреварување.

Стручниот штаб и тимот на каменичани веруваат во изненадување на гостувањето против Осогово иако знаат дека натпреварот ќе биде изразито тежок. Со добра игра во одбраната и брзи и егзекутивни контра напади сметаат дека може ФК Осогово може да “падне” и пред преполн стадион во Кочани. Првиот натпревар во есенскиот ден од првенството заврши со 2:1 во корист на ФК Каменица-САСА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *