Апокалиптични снимки од дрон ни пристигнуваат од Пехчево и Свети Николе каде пожарот ги опустоши селата.
Како што може да се види од видеото, многу куќи се зафатени од пожарот, но за среќа нема жртви.
Поради алармантната состојба во околината на Пехчево, од синоќа е отворен пункт за донирање вода и храна за пожарникарите кои учествуваат во гаснењето на пожарот.
Пунктот се наоѓа во Домот на културата во Пехчево, а апелот на надлежните е сите кои што се во можност можат да донираат, се со цел да им се пружи поддршка на учесниците во неговото гаснење.