ЖФК Каменица САСА супериорна во дуелот против ЖФК Истатов од Дојран. Убедливи 4:1 за домаќинките на натпреварот од 19. Коло од Првата женска фудбалска лига.
Во листата на стрелци за домашната екипа се зспишаа Мила Талевска (2), Ангелика Икеда (1), Пејтон Чик (1).
“Забележавме нова победа и нови три бода. Одигравме динамичен натпревар. Многу интересни ситуации на двете страни. Имаме победа против младата и одличната екипа од Дојран” – изјави Зоран Златковски, тренерот на ЖФК Каменица САСА
Во продолжение на изјавата Златковски нагласи дека “денеска, тимот ќе ја прослави оваа значајна победа, но тие веќе размислуваат за големото куп финале, кое во среда ЖФК Каменица САСА го игра во Скопје”.
Денеска не настапи стандардниот првотимец, Ана Димитровска поради полесна повреда со која се здоби на претходниот натпревар.
Денешниот натпревар се одигра на дождливо време, на влажен и тежок терен за игра.