Бети Котовчевска – Македонката која се капе во студени води, личен рекорд ѝ е минус 33 степени

Бети КотовчевскаБети Котовчевска / Фото: Приватна архива

„Барав начин како да се вратам кон себеси, како да станам посилна верзија од себе, за на крајот да завршам со најјаката верзија и така до бесконечност. Вим Хоф, мојот втор татко, тој беше мојот главен учител. А, потоа си оставен сам на себе – ти, дишењето и ладната вода“, вели Бети.

Холандскиот екстремен спортист Вим Хоф е светски познат по неговата неверојатна способност да издржува студ. Тој тврди дека со оваа пракса се зајакнува човековиот имунитет и поради тоа го осмислил неговиот метод, кој има три компоненти: правилно дишење, постепено изложување на студ, односно студена вода, и посветеност.

 

 

Бети Котовчевска од Ресен е една од оние кои редовно го практикуваат методот на Вим Хоф. Оваа 27-годишна девојка со голема страст ја истражува Македонија, за која вели дека изобилува со прекрасни езера и водопади каде што може да се практикува капење во студена вода. Нејзиниот личен рекорд е капење во студена вода на минус 33 Целзиусови степени, во финскиот регион Лапонија.

 

 

Таа има повеќе од 13.000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм (@_betika_), каде редовно објавува прекрасни фотографии од нејзините подвизи. Вели дека нејзината мисија е да го врати допирот на луѓето со природата.

Бети, како и кога почнавте да го применувате методот на Вим Хоф?

– Пред седум години, на 20-годишна возраст. Тогаш се соочував со непознати и неискусени чувства во моето тело, коишто требаше да бидат излекувани, затоа што слабееше моето психичко и физичко здравје. Кога погледнав подлабоко во природата, тогаш сфатив дека сите одговори, за нашите физички и психички проблеми (болести) во нашиот храм (телото) можат да бидат излечени со Мајка природа. Бев дете коешто се капеше со врела вода и имаше слаб имунитет, но имав храброст и волја да се сменам себеси, па решив да истражувам малку повеќе за зголемување на имунитетот на природен начин. Се плашев од ладна вода, па решив да запливам во стравот. Почнав постепено, чекор по чекор, без никакво форсирање.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за него?

– Подолго време истражував и се едуцирав од сите можни извори пред да го започнам моето патешествие. Барав начин како да се вратам кон себеси, како да станам посилна верзија од себе, за на крајот да завршам со најјаката верзија и така до бесконечност. Вим Хоф, мојот втор татко, тој беше мојот главен учител. Тој беше темелот. А, потоа си оставен сам на себе – ти, дишењето и ладната вода. Перфектен баланс на твојот ум и тело, желно за повторно раѓање.

Кликни овде за целиот текст од интервјуто за slobodenpecat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *