Неполни седум дена по натпреварот во финалето од Купот на Македонија 2024, екипата на МЗТ Скопје Аеродром и освојувачот на Купот, екипата на ЖКК Баскет Кам – Македонска Каменица одиграа уште еден натпревар кој повторно помина во целосна доминација на кошаркарките од Македонска Каменица.
Променато е единствено местото на одигрување на натпреварот, кој денеска со почеток од 12. часот, се одигра во салата „Независна Македонија“. Резултатски скоро идентично од претходниот дуел, денешниот натпревар заврши со 64:86 во корист на гостинската екипа од Македонска Каменица.
Актуелниот првак Баскет Кам од Македонска Каменица, сега има големи четири бодови предност во однос на скопските МЗТ Скопје и Вардар. Со денешниот нов успех, извесно е дека на неколку кола пред крајот на оваа фаза, актуелниот шампион на Македонија, ќе ја обезбеди првата стартна позиција.