Владо Георгиев, Црвена Јабука и Саша Ковачевич ќе пеат во Македонска Каменица

Од 25-ти до 28-ми август, ќе се случи музички спектакл во Македонска Каменица. На Градскиот плоштад, а во рамки на манифестацијата „Каменичко културно лето 2017“, ќе настапат балканските музички ѕвезди: Владо Георгиев, Црвена Јабука и Саша Ковачевиќ. Предвидени се и настапи на неколку македонски изведувачи, а нивните имиња дополнително ќе бидат соопштени.

За време на концертите и за прославата на Денот на општината и Денот на рударите-28 август се очекува дека Македонска Каменица ќе ја посетат најмалку 30.000 гости од Македонија и регионот.

Генерални покровители се општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“, а организатор на Каменичко културно лето е Културно-информативниот центар „Романса“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *