11 жени кои го промениле светот!

Жената низ векови и векови мачно се борела за своето место под сонцето. Омаловажена и обесправена, таа жестоко ги барала своите, не женски, туку човекови права и слободи. Сега сме во период на историјата кога можеби и најсилно се слуша женскиот глас и феминиските ширум светот застануваат зад своите идеали. Но треба да им одадеме почит и на жените кои успеале да кренат глас во време кога општеството им ги шиело усните.

1. Сафо (околу 570 г. п.н.е.) била една од првите женски литературни уметници кои успеале да објават дело. Нејзината поезија не е во целост сочувана, но сочувана е нејзината репутација. Платон ја наброил и неа во 10те најголеми поети на тоа време.

2. Клеопатра (69 -30 г. п.н.е.) е најпознатата и воедно најуспешната македонска императорка. Последна кралица на Египет, која успешно го бранела од нападите на Римската Империја.

3. Будика (Boudicca – 1 а.д) била водач на Бритоните. Таа успешно водела повеќе племиња во револуција против Римската окупација. Нејзината успешна армија броела 100.000 војници кои извојувале победи во Колчестер, а подоцна и Лондон.

4. Јована Орлеанка (1412-1431) е една од најважните светици на французите и една од највлијателните жени на светот. Таа инспирирала и предводела француска револуција против британската окупација. Невообичаена хероина, на 17 годишна возраст малата Јованка успешно ги одвела француските војски до триумф кај Орлеан. Таа е можеби најинспиративната хероина од тоа време.

5. Хариет Стоуве (1811-1896) била писателка и активистка за истребувањето на ропството. Нејзината книга „Колибта на чичко Том“ станала бестселер и помогнала во популаризацијата на кампањата против ропството. Подоцна Абрахам Линколн за нејзините книги ќе рече дека играле биле огромна важност во Американската цивилна војна.

6. Британката Елизабет Блеквел (1821-1910) е првата жена која добила диплома од медицински факултет во Америка и првата жена која е ставена во британскиот медицински регистар. Таа помогнала во рушење на социјалните бариери и афирмирањето на жените како доктори и медицински лица.

7. Хелен Келер (1880 – 1968) е една од најфасцинантните жени од историјата и талентирана активистка за социјалните правди. На само 19 месеци Хелен го изгубила слухот и видот, но тоа не ја запрело да има извонреден стил на изразување и пишување. Надминувајќи ја фрустрацијата да изгубиш две сетила одеднаш, таа неуморно се залагала за правата на глувите и слепите лица.

8. Дороти Хоџкин (1910 – 1994) и Марија Кири (1867 – 1934) се двете хемичарки кои го смениле светот. Кири, која ја проучила радиоактивноста и рентгенот, е првата жена која добила Нобелова награда и прва добитничка на Нобелови награди за две различни категории. Нејзината колешка и наследничка Дороти ја сменила медицината со откритијата за пеницилинот и инсулинот. Исто и таа е добитиничка на Нобелова награда, но и воедно активистка за мир.

9. Розалинд Франклин  (1920 – 1958) е неопеаната хероина на ДНК (дезоксирибонуклеинска киселина). Хемичарката и кристалограф дошла до неверојатни откритија за структурата на ДНК низата и нејзинот облик, но нејзиниот труд бил неморално украден. Затоа луѓето не го знаат нејзиното име, а таа е всушност жената која дошла до темелот на нашето постоење.

10. Ана Франк (1929 – 1945) е девојче кое несвесно влијае на перцепцијата на многу луѓе во врска со Втората Светска војна. Нејзиниот дневник е едно од најпреведуваните литературни дела а нејзината зрелост на само 13 годишна возраст е вчудоневидувачка. И покрај сите терори што ги преживеала, таа е симбол за достоинственост и хуманизам: „И покрај се, јас верувам дека луѓето длабоко во срцето се добри.“.

11. Малала Јозафаи (1997-) е ученичка од Пакистан која се спротиставила на заканите на Талибанците и преживеала куршум низ главата за сега да стане една од најхрабрите активистки за правото на девојчињата на образование и глобално позната модерна хероина. 

извор: http://www.divianarts.com/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *