Оштетено возило на ЈП од Берово. Никој не кажува кој службено го возел во доцните ноќни часови

Во судар со друго,  оштетено е возило на ЈП Услуга од Берово. Засега се уште не се знае  од кој возилото било управувано  и каде тоа  службено се патувало  во доцните нокни часови.

Штетата на возилото ќе се утврдува но таа во овој случај  ги открива службените злоупотреби на возилото за кои беровчани тврдат дека ги имало:

  • Сведоци бевме на злоупотребата на службените возила, кои ги паркираа пред своите домови функционерите на ВМРО ДПМНЕ. Прашање на време беше кога ќе се случат таквите немили случки и граѓаните да го платат цехот. Ова е срамен чин и бараме од надлежните инситуции да го пронајдат и виновникот да биде казнет, изјави Јован Матеничарски, прет. на СО-Берово со поминат мандат.

Случајот веке доби и јавни коментари на социјалните мрежи.

Сево ова е лош имиџ за Услуга, но кој во услови на поминат мандат на Советот, може да поведе сметка за инцидентот со оштетеното возило:

  • Управниот одбор на јавното претпријатие е во фунцкија, значи можат од таму да побараат кој подлежи на морална одговорност за случајот десен во вечерните часови, изјави Јован Матеничарски, прет. на СО-Берово со поминат мандат.

Според наши информации, во тек е и полициска истрага за оштетеното возило. Оштетувањето, најверојатно се случило, откао со службеното возило е удрено во друго, паркирано возило. Засега, од СВР нема официјална информација за случајот.

Извор: СтарТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *