Општина Македонска Каменица започна со изградба на регулацијата на Гумен Дол

Општина Македонска Каменица започна со изградба на регулацијата на Гумен Дол

 

 

Македонска Каменица, 28. Септември 2023 година – Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски на својот фејсбук профил го најави почетокот на изградбата на регулацијата на Гумен Дол.

Со ова се решава еден повеќедениски проблем со кој се соочуваар граѓаните од овој дел на Македонска Каменица. Со изградбата и уредувањето на коритото од Гумен Дол и неговиот спој со Градскиот кеј на Каменичка Река, овој простор ќе добие урбан и модерен лик.

Градежните работи ќе бидат изведени од „ДАРМАР – ИНЖЕНЕРИНГ” ДООЕЛ Македонска Каменица. Вредност на договорот е во износ од 299.916,00 денари. Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Буџетот на Општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *