ОДЛИЧНА ВЕСТ: Баскет Кам го најави учеството во новата Женска Балканска Кошаркарска Лига

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЖКК Баскет Кам – Македонска Каменица го најави учеството во новата Женска Балканска Кошаркарска Лига

👉 Учесници на турнирот се најдобрите четири женски екипи од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора 🇲🇰 🇲🇪 🇧🇦 🇷🇸
Натпреварите започнуваат следниот викенд во Требиње, БиХ каде Баскет Кам се среќава со екипата на Херцег Нови, а во вториот натпревар играат екипите на Леотар и Раднички. Победниците во овие два натпревари го играат финалниот натпревар во недела, 01. Октомври. Претходно се среќаваат поразените две екипи во борбата за трето место.

🎯 Македонска Каменица ќе биде домаќин на следниот турнир, а потоа слесуваат турнирите во Херцег Нови и Белград.

❤ Многу успех во интернационалните натпревари девојки!
Честитки ❤
🇲🇰 🇲🇪 🇧🇦 🇷🇸

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *