Незадоволните земјоделци од Делчево и Берово ги блокираа патиштата

Зовре незадоволството и кај делчевските овоштари. 50-ина земјоделци со земјоделска механизација протестираа покрај регионалниот пат Делчево Берово, но плашејќи се од прекршочни казни, со  5- минутна симболична блокада на регионалниот пат Делчево-Берово, го ирзазија незадоволоството од игнорантскиот однос на надлежните за нивните штети од пролетните мразеви, неисплатените субвенции, но и од политиките на осигурителните компании кои не осигуруваа од пролетни мразеви.

  • Само за Ресен и Кавадраци се зборува, за нас никој не спомнува, а имаме големи штети. Јас лично имам штети 150 тони сливи и 60 тони вишни. Вкупно штетата во Делчево е 1, 3 милиони евра, изјави Славчо Гоцевски, овоштар.

Посебен проблем за нив е и политиката на осигурителните компании

  • Апелирам и до компаниите и до Владата порано да ги објавувата пакетите за осигурување, ако треба и на први јануари, па кој сака да се осигура, да имаме можност з атоа, смета Грујо Синадиновски, овоштар од с. Град.
  • Осигурителните компании не осигуруваа од мраз. Секаде бев никој не осигуруваше, кажа Јованчо Медарски, овоштар од Делчево.

Овие земјоделци не добија обештетување ниту за ланските мразеви, но и за поплавите од пред две години.

  • Од 2015 од полавите ништо не дадоа, ми пратија писмо дека е во процедура. Лани измрзнаа од мраз 100% и оваа година ништо не остана, се жали Благоја Коларски од с. Град.

Ова е предупредувачи протест, велат делчевските овоштари,  доколку до понеделник не се преземат соодветни мерки,тие  протестите ќе ги радикализираат.

Извор: СтарТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *