Лица со посебни потреби од Македонска Каменица и други градови заминаа на еднонеделно патување и другарување во Охрид

По успешно одржаните хуманитарни настани “Небо Сино” од страна на Фондацијата Ице Бегов, денеска штитениците при Дневните центри за лица со посебни потреби од Македонска Каменица, Делчево, Велес и Гевгелија заминаа на еднонеделен летен одмор во Охрид. Одлична можност за повеќе лица од нашиот град, преку дружење со врсници и пријатели од други градоци, да уживаат во прекрасната природа и убавините на Охридско Езеро.

Хуманитарниот настан “Небо Сино” се одржа во Домот на култура во Македонска Каменица, во чест и во спомен на Ице Бегов – човекот кој ја сакаше Македонска Каменица како свој роден град. Неговото семејство и блиските пријатели на Ице Бегов, преку овој настан прават, неговиот дух и спомен за него секогаш да живеат.

Фондацијата Ице Бегов е основана во месец април 2022 година, од кога успешно функционира и има реализирано повеќе хуманитарни проекти.
Мисијата на Фондацијата Ице Бегов е да чекори по пат на хуманоста, ведриот дух и добрината на човекот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *